Шпиунска афера или предизборен маркетинг?

СДСМ не отстапува од барањерто за декласификација на материјалите кои ги бараа од АНБ откако вчера пратениците со безбедносни сертификати ја посетија агенцијата а денеска беа на посета во Агнецијата за разузнавање . Опозицискиот лидер и претседател на СДСМ Венко Филипче денеска со обвинувања на адреса на АНБ дека материјалите кои се дадени во обвинителството кое води предистражна постапка се само оправдување и дека како што рече агенцијата ги има материјалите кај неа и доколку сакала можела да им ги даде на увид на народните избраници .

 

Премиерот Мицкоски пак и денеска без конкретен одговор дали тие се за декласификација на материјалите а сите прашања поврзани со ова ги упати токму на адреса на АНБ .

По денешната посета на Агенцијата за разузнавање со краток став се произнесе и пратеникот од редовитре на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки кој вели

 

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се ,,издига на клоци”.Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало да има обвинение!Мора да се расчисти со филм-мејкерите на чело со нивните наредбодавци. Холивуд може вода да носи!Не смее да има застарување на предметите под плаштот на класифицираност на постапки, а не смее да има и јавно објавување и ,,забава за народ” заради легалноста на постапката!

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска пак кратко посочи дека и денеска не можеле да направат увид со истото образложение од вчера . Дека истражители биле и во Агенцијата за разузнавање и дека поради предистражната постапка не бил дозволен увид.

 

АНБ вчера не дозволи увид на материјалите со образложение дека се води предистражна постапка во обвинителството информираа дел пратениците кои беа таму. Тие вчеа на седница на комисијата за надзор на работата на АНБ донесоа одлука покрај АНБ да ја посетата и Агенцијата за разузнавање . Сепак и натаму првиот човек на собраниската комисија Скендер Реџепи останува без безбедносен сертификат а таков нема ниту неговиот заменик Блерим Беџети кој вчера ја водеше комисиската расправа . Забелешки на неиздавањето на сертификати имаа и други опозициски пратеници кои пред повеќе од 6 месеци поднеле барање а не добиле одговор од агенцијата .