Шпанија и Унгарија финалисти на ЕП во ватерполо
Foto

Шпанија и Унгарија финалисти на ЕП во ватерполо

Шпанија и Унгарија ќе се борат за европското злато во ватерполо, додека балканските соседи Хрватска и Црна Гора ќе мораат да се задоволат со борба за бронзениот медал по тесните порази.

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија стана прв финалист на Европското првенство во Будимпешта. Шпанците во полуфиналето ја совладаа Хрватска со 9:8 (по четвртини: 0:1, 4:3, 2:2, 3:2).

Решавачкиот гол го даде Мунарис на 30-тина секунди до крајот на средбата за водство на „фуријата“ со 9:7. Хрватите до крајот успеаја да го ублажат поразот, но не и да израмнат.

Мунарис со три гола беше најефикасен во шпанската репрезентација, лидер меѓу поразените беше Букиќ со два погодоци.

Црна Гора загуби од Унгарија, иако имаа предност од 2:1, но во втората половина Унгарците беа подобро и победија со 10: 8 и се стана вториот финалист за европското злато.

0 Коментари

Остави коментари