Шпанија е првиот финалист на СП 2026
Судир на гигантите, вака се најави натпреварот Шпанија и Франција кои се соочија во битка за финалето во Арлингтон, Далас. Црвената фурија и триколорите влегоа со една цел, место во финалето.
Франција стигна до оваа фаза откако ги совлада Шведска во осминафиналето, Парагвај во осминафиналето и Мароко во четвртфиналето. Шпанија ја започна нокаут-фазата со триумф над Австрија, потоа ја елиминираше Португалија, а во четвртфиналето ја победи Белгија со резултат 2:1. Во групната фаза го освои првото место без пораз.
Во 22 минута од полуфиналниот натпревар од Светското фудбалко првенство помеѓу Шпанија и Франција, шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Мајк Мањан и ја доведе шпанската репрезентација во водство. Погодокот беше постигнат од пенал, откако Лукас Дињи направи прекршок над Ламал, по што судијата досуди на белата точка.
Французите беа непрепознатлив и со играта, наспроти Шпанија која беше решена да не дозволи израмнување и одеше на варијанта за втор гол. Шпанците беа затворени и немаше потег што мозеше да ја разбие нивната одбрана. Дембеле преку многубројните грешки не успеваше со Мбапе да го загрози сериозно голот на Шпанија. Франција.
Франција продолжи со иста игра како и во првото полувреме и во 58та минута дојде казната. Шпанија ја казни француската дезориентација кога во 58. минута, Педро Поро одигра акција со Дани Олмо, излезе сам пред Мањан и прецизно погоди за 2-0. Резултатот како да ги обесхрабри французите. Шпанија не застана, продолжи уште погресивно и само офсајд ги спаси французите да биде поништен третиот гол.
Французите како да се освестија и Мбапе имаше зрела шанса да го намали резултатот преку брза акција. Шпанија имаше целосна контрола на теренот. До самиот крај, французите на можеа да дојдат ниту до утешен гол, ниту да размислуваат за изедначување. Шпанија оди во финалето и ќе го чека противникот од утрешниот натпревар меѓу Англија и Аргентина во Атланта.

