Шпанија е новиот европски првак, „фуријата“ дојде до четвртиот трофеј
Шпанија е новиот владател на Европа. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2-1 во финалето на Европското првенство и дојде до својот четвртти трофеј со што се апсолутни рекордери.
Шпанија и Англија на Олимпискиот стадион во Берлин се сретнаа во финалето на Европското првенство. Церемонијата на финалето започна со настапитре на италијанскиот електронски бенд Медуза, американскиот бенд OneRepublic и германскиот кантавтор Леони со инспиративната песна „Оган“.
Селекторите на Англија и Шпанија не направија измени за финалето на ЕУРО 2024 и настапија со проверени стартни постави. На голот на Англија бешее Пикфорд, централно во одбраната Геј и Стоунс, а по страните Шо и Вокер. Во средината Рајс Маино, пред нив Белингем, а странично напаѓаа Фоден и Сака, со најистурениот во тимот Хари Кејн.
За Шпанија на голот беше Унаи Симон, централно во одбраната Ле Норманд и Лапорте, странично Кукуреља и Карвахал, во средината Родри и Фабијан Руиз, а пред нив Олмо, со тандемот Јамал и Нико Вилијамс, а напред беше Мората.
Натпреварот започна доста мирно. Во првите 45 минути, мируваа мрежите на двете страни, а единствениот удар кон голот го имаа англичаните и тоа во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Поседот на топката беше во корист на Шпанија, исто како и корнерите. Шпанија изведе шест, додека Англија само еден корнер. Секогаш на вакви финални пресметки за шампион првото полувреме служи како загревање за второто или силите се чуваат за продолженија или за пенали.
Ламине Јамал го сруши рекордот на легендарниот Пеле и со 17 години и еден ден е најмладиот фудбалер кој настапил во финалето на големо меѓународно натпреварување.
Второто полувреме започна поинтензивно. Во 46. минута Шпанија дојде во водство по акцијата која почна од Карвахал, преку Јамал заврши со погодок на Нико Вилијамс за водство од 1-0. Но, радоста на Шпанците траеше кратко. Кол Палмер е еден од „џокерите“ на Герет Саутгејт. По примениот гол, Англичаните тргнаа поофанзивно, Саутгејт ги уфрли Оли Воткинс и Кол Палмер кои донесоа триумф и во полуфиналето. Палмер во 73.минута успеа да го израмни резултатот со шут од 25 метри. Сака имаше убава акција по десната страна, Белингам ја намести топката за Палмер, кој со шут од далечина се избори за израмнување.
Во 81.минута Јамал не успеа да ја смести топката во мрежата на Пикфорд. Во 86.минута со додавање по земја Забалза ја уфрли топката во мрежата на Пикфорд за водство од на Шпанија. Англија имаше одлична можност повторно да дојде со израмнување, но шанците со маестрална акција успеааја да спасат сигурен гол, а Англија не успеа да дојде до посакуваниот трофеј.