Шолц не очекува војната во Украина да заврши наскоро
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува војната во Украина наскоро да биде завршена.
За германскиот бизнис дневен весник „Хандесблат“ канцеларот кажа дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека тоа биде потребно со пари и оружје.
За него од клучна важност за војната е Кина да не ја снабдува Русија со оружје.