Шолц даде зелено светло да испратат борбени тенкови „Леопард 2“ во Украина

По неколку месечни натегања и притисоци германскиот канцелар Олаф Шолц даде зелено светло  да испрати борбени тенкови „Леопард 2“ во Украина.

Дали овие тенкови се доволни за престојната, сѐ поизвесна, копнена офанзива на руската армија, за која се претпоставува дека по артилеријата, главана улога во борбените дејствија ќе ја имаат тенковите.

Се прогнозира дека е можно во наредните месеци да дојде и до тенковски битки, чиј размер би бил со оние видени во Втората светска војна.