Шмид: ОБСЕ е можна сила за промена за многу граѓани во регионот
Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид при денешното обраќање на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје порача дека оваа организација е важна за безбедносна структура на светот. Шмид рече дека ОБСЕ ќе бара поддршка во Украина, како и поддршка за демократските институции во земјите членки на организацијата. ОБСЕ и понатаму ќе биде посветена на деминирање и борба против трговија со луѓе.
„Оваа организација има клучни инструменти во безбедноста. Станува релевантна и за безбедноста во Евроазија, тука седнувајќи ги на иста маса различните страни. ОБСЕ е можна сила за промена за многу граѓани во регионот на ОБСЕ. Навистина за луѓето се работи. Има 25 милиони жртви на трговија со луѓе, а најголем дел од сторители не се изнесуваат пред лицето на правдата. ОБСЕ притоа соработува со Влади и Парламенти за поконзистентни активности во борбата против трговијата со луѓе.Со ваша поддршка ОБСЕ може да даде особен придонес за подобра иднина“, рече Шмид.