Шкупи ја чека казната од УЕФА

 

Попладнево или најдоцна утре, европската фудбалска асоцијација ќе одлучи со каква казна ќе се соочи македонскиот вицепрвак шкупи за инцидентите пред натпреварот со левски во четвртокот во скопје, во првиот меч од второто квалификациско коло за конференциската лига.

Шкупи може да заработи забрана за присуство на публика од најмалку два натпревари. Казна треба да има и за Левски, со оглед на тоа дека неговите навивачи се однесуваа агресивно при влезот во стадионот, фрлаа предмети и влегоа во судир со полицијата.

Реваншот меѓу Левски и Шкупи е закажан за 3 август во Софија, а бугарската фудбалска федерација веќе писмено ги информираше и македонскиот вицепрвак и УЕФА дека е опасно навивачи на Шкупи да присуствуваат на натпреварот.

Навивачите на Шкупи повторно имаа скандалозно скандирање во текот на вчерашниот меч против Динамо Загреб кој се играше во Скопје. Популарните „Шверцери“ во еден момент од трибините пеаа „Умpи, Умpи, Србија“. Нешто слично се случуваше и на мечот во Загреб.

 

Познато е дека УЕФА не толерира навреди на натпреварите, а посебно е строга кон националистичките провокации, па така чаирчани веројатно ги очекува казна од Европската куќа на фудбалот.