Шкријељ за ТВ 24: Да не беше блокирањето на опозицијата во Собранието, платите на наставниците досега ќе беа зголемени

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ во емисијата 24 анализа истакна дека фактите се дека да немале комплетно блокирање на комисијата за образование во Собранието од опозицијата, досега ќе беа зголемени платите на наставниците и стручните соработници.

- Изминатите години покажавме дека се грижиме за платите на наставниците, зошто тоа е витална дејноста на нашето општество. На почетокот на минатата година се донесе предлог измени и дополнување на законот за наставници и стручни соработници, кој требаше системски да реши некои работи и  да се осигура дека ќе има контиуниран раст на платите без да зависи од волјата на власта. Законот се усвои од Владата и отиде на собраниска процедура и не очекувавме дека нема да се дозволи да се отвори дискусија, зошто опозицијата не дозволи. - рече Шкријељ