Шкријељ: Нашите деца заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, дома, во својата држава

Во изминатите неколку години минималната плата од 8.000 денари порасна на над 20.000 денари. Со членство во еу минималната плата има реални шанси да се покачи двојно, велат од СДСМ. Од партијата велат дека покрај платите, интеграцијата во Унијата ќе им понуди шанса на младите за подобро образование но и учество во различни програми финансирани од Унијата.