Шкендија остана на нула, Вардар стерилен во Велес
Foto

Шкендија остана на нула, Вардар стерилен во Велес

Првата фудбалска лига во Македонија и во второто продолжи да креира табела која не сме навикнале да ја гледаме, барем кога сезоната е во полн ек, последниве неколку години. На дното од поредокот и единствен со два пораза е шампионот - Шкендија. За тоа попладнево се погрижи Силекс совладувајќи ја со 1-0 Кратово. Филип дурански ѝ пресуди, рано во второто полувреме.

Слично како Шкендија, без постигнат гол во новата сезона остана и Вардар, но тој барем освои бод, ремизирајќи со 0-0 во Велес, против Борец. Патем, Борец беше без исклучениот Петров од 75-тата минута, до крајот. На слабата ефикасност се надоврзаа и Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев, ремизирајќи без голови, а најрасположени беа играчите во Тетово, каде што Ренова го совлада дебитантот Струга трим лум со 2-1. Вчера колото почна со победа на Работнички против Шкупи со 2-0. Табелата изгледа прва Ренова, единствена со максимални шест бода, втора е Македонија со четири бода, колку и Акадамија Пандев на третото место.

Следуваат Работнички, Струга трим лум, Шкупи и Силекс. На позициите кои се поврзуваат со испаѓање од Првата лига, во моментов се Вардар и Борец со по еден бод и Шкендија, единствена со нула.

0 Коментари

Остави коментари