Шкендија ги дозна противниците на стартот од Лигата на шампиони
Foto

Шкендија ги дозна противниците на стартот од Лигата на шампиони

Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија ги дознаа вечерва потенцијалните противници за 1. квалификациско коло Лигата на шампиони (ЛШ).

Шкендија ја дочекува утрешната жрепка во Нион како носител во групата 2. и на отворањето на новата сезона во ЛШ ќе игра против ХЈК Хелсинки (Финска), Конах’с Квеј Номадс (Велс), Мура (Словенија) или Борац Бања Лука (БиХ).

Првите натпревари се на програмата на 6 и 7, а реваншите на 13 и 14 јули.

Поразените екипи во 1. квалификациско коло во ЛШ го продолжуваат европскиот настап во 2. квалификациско коло во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

0 Коментари

Остави коментари