Шилегов за ТВ 24: Уставните измени да се стават на дневен ред веднаш!
Петре Шилегов член на Извршниот одбор на СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека уставните измени треба веднаш да се стават на дневен ред, на почетокот на декември за да се стави крај на лимбо ситуацијата во која се наоѓа земјата.
- Јас сум поборник на тоа дека владејачкото мнозинство имало или немало 80 пратеници во овој момент треба да ги стави на гласање уставните измени и без мнозинство. Да ја доживееме националната катарза, да го изложиме ВМРО-ДПМНЕ да гласаат против, па нека објаснуваат во кампањата зошто се против ЕУ. Ќе има три дена галама, после секој ќе се запраша што правиме против државата. Кога ги разговараме уставните амандмани се уште е апстракна категорија која може или не може да се случи. Кој е за европски напредок, а кој за ова оваа држава следниве години да не ги започне преговорите. И нека доживеат националистичките структури катарза. Верувам дека во македонската јавност доминантна е проевропската орјентираност. Не верувам дека тоа ќе резултира со промена на европските сили што ја влечат Македонија кон ЕУ. Би сакал да биде ставено на гласање во Собранието. - рече Шилегов.