Шилегов за тв 24: Градиме Скопје кое се грижи за сите луѓе
Foto

Шилегов за тв 24: Градиме Скопје кое се грижи за сите луѓе

Актуелниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов, во емисијата 24 анализа истакна дека граѓаните дале доверба во завршниот круг ему и на Даниела Арсова и со оглед дека таа не се појави во емисијата на соочување, смета дека тоа е потценување на граѓаните.

- Ова е време кога треба да направиме договор за Скопје и во какво Скопје треба да живееме. Скопје до 2017 немаше визија и стратегија на развој, се потрошија многу пари во центарот без да се решаваат фундаменталните проблеми. Градиме Скопје кое се грижи за сите луѓе. - вели Шилегов.

Потенцираше дека граѓаните на гласањето покажаа резистентнст кон политиката и смета дека ова е време кога треба да се договорат за Скопје, а не да подлежат на гневот и револтот.

0 Коментари

Остави коментари