Шилегов доби новогодишно пакетче од активистите од „Го сакам Водно“

Итно да се донсесе закон за Водно со цел ревитализација на парк шумата а во неговата изработка да учествуваат граѓанските здруженија, овае една од желбите спакувани во новогодишното пакетче адресирано до скопскиот градоначлник Петре Шилегов од активистите Го Сакам Водно. Ревносните бранители на планината кој со месеци, со жив штит ја бранеа, дебатираа и бескопромсно бараа да запре изградбата на гасоводот од Шилегов побараа да стави крај на безочното уништивање и да се заштити белодробната оаза во време кога отровниот воздух во Скопје го скратува животниот век на граѓаните.

„За време на изработката на законот за Водно, Министерството за животна средина издаде привремен заштитен статус на Водно како би се оневозможила понатамошна узурпација на парк шумата.“ - вели Андреа Јанков од Го сакам Водно.

Шилегов рече дека жали што не бил во можност поради други активности да ги лично да ги примил активистите , но дека дополнително ќе ги разгледа нивните барањата. Тој потсети и дека ставот за изградба на гасоводот низ Водно е непроменет.

„Барањата кои денеска се пристигнати ќе ги разгледам. Ако можеме нешто да сториме и ако барањето е во рамките на она што како рута го имаме зацртано за поминување на гасоводот со радост ќе излеземе во пресврт.“ - вели Петре Шилегов.

Од иницијативата го Сакам Водно бараат и се се лоцираат, мапираат и исчистат сите депонии формирани во Парк-шумата, јасно да се дефинираат границите на Водно и да се обележат, а кулата на АЕК, да се опслужува само со жичарата и сопствено возило за достава , односно да нема можност за транспорт до самиот врв. Меѓу нивните барања е и да се реши статусот на одредени градби во рамките на Парк шумата, кои се започнати и никогаш довршени, како што се детско одмаралиште и домот на ПТТкои стојат со години не функционираат. Активистите нагласија дека и понатаму ја продолжуваат битката да не поминува гасоводната траса низ Водно, која како што рекоа дека се гради со многу недостатоци и законски нерегуларности.