Шифрин во слалом ја освои рекордната 15-та победа во 2018 година
Foto

Шифрин во слалом ја освои рекордната 15-та победа во 2018 година

Американката Микаела Шифрин ја постигна рекордната 15-та победа за календарската 2018 година, откако триумфираше во слалом во Земеринг, Австрија. Шифрин даде најдобро време во првата трка и со прецизно возење во втората забележа успех со вкупно време од 1:42,99 минути.

Втора беше словачката натпреварувачка Петра Влхова, која беше побавна за само 0,29 секунди. Трета заврши Швајцарката Венди Холденер која даде најдобро време во втората трка, но тоа и беше доволно само да ја стопи разликата до Шифрин во вкупниот пласман до 0.38 секунди.

Австријките Катарина Линсбергер и Катарина Трупе, како и Швеѓанката Ана Свен Ларсон, ги комплетираа првите шест.

Во генералниот пласман за Светскиот куп води Шифрин со 1.034 поени, следена од Влхова со 568 и норвешката натпреварувачка Рагнхилд Мовинкел со 396 поени.

Во борбата за Малиот кристален глобус во слалом прва повторно е Американката со 500 поени, пред Влхова со 400 и Холденер со 255.

0 Коментари

Остави коментари