Шевченко по само 11 меча ја напушти клупата на Џенова
Foto

Шевченко по само 11 меча ја напушти клупата на Џенова

Само 11 натпревари траеше тренерскиот ангажман на легендата на украинскиот фудбал Андриј Шевченко на клупата на Џенова, потврди денеска италијанскиот прволигаш.

Шевченко ја остави Џенова, чиј дрес го носи Горан Пандев, на претпоследното место на табелата во Серија А, а клубот го предводеше на девет првенствени натпревари без ниту една победа и со ефект од три нерешени и шест порази.

Единствената победа на клупата на Џенова, поранешниот украински репрезентативец и селектор ја забележа во италијанскито Куп против Салернитана (1:0)

Шевченко дојде во Џенова во декември на местото на Давид Балардини.

0 Коментари

Остави коментари