ШЕСТМИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ПАТНИЦИ СЕ И НАТАМУ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА
Шестмина од повредените патници кои се хоспитализирани се и натаму во тешка здравствена сосотјба. Во градската болница „Осми Септември“ се лекуваат 18 пациенти. Четири од нив се на одделот за интензивна нега, но според докторите има значително подобрување на нивната состојба. Останатите 15 патници се стабилни и закрепнуваат од повредите во тешката сообраќајна несреќа. Во подобра состојба е и 15 годишното момче, кое е најмладиот пациент во болницата.
- „Пациентите кои што се наоѓаат на одделот за лекување на трауматологија може да кажеме сега веќе се во стабилна состојба, скоро се дефинирани сите повреди на висцерални органи, најверојатно нема да изнудат некое дополнително оперативно лекување. Во главно состојбата е добра, во наредните денови ќе испуштиме поголем број на пациенти и ќе останат само тие што имаат потреба од оперативо лекување“ - изјави д-р Јасмин Циривири – ГОБ Осми Септември.
Во Клиничкиот центар во Скопје хоспитализирани се 6 пациенти, од кои 3 на КАРИЛ. Двајца од нив се во стабилна состојба. Во текот на денов извршена е и операција на пациентка на клиниката за неврохирургија.
- Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија и пациентката (трудница), која се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство, се исто така во стабилна здравствена состојба. Една пациентка е хоспитализирана во тетовксата болница. И таа е во добра здравствена состојба. - велат од Министерство за здравство.
Во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово животот го изгубија 15 лица, од кои 7 на лице место, а повеќе од 30 беа тешко повредени.

