Шести пакет мерки за најпогодените сектори од коронакризата
Foto

Шести пакет мерки за најпогодените сектори од коронакризата

Ќе им се излезе во пресрет на Туристичките агенции да не мора оваа година да им ги вратат парите на граѓаните кои уплатиле за летување во 2020година, кое потоа мораше да го одложат поради пандемијата и затворените граници. Власта не ја исклучува можноста да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани. Министерот за економија вели дека ако аранжманите не се искористат и ова лето, парите нема да пропаднат.

„Речиси 90 проценти од овие аранжмани, кои се пријавени во Министерството за економија, се за патување во Грција. Во случај и оваа година да не можат да бидат искористени, секако дека ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот“, рече Бектеши.

Објавени се седум јавни повици како дел од шестиот пакет за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор. Поддршката се однесуваат на дејностите кои Владата ги затвори со одлука, како превенција од ширеше на заразата. Туристичките агенции, водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одмаралишта, кабареата, ноќните клубови, диско клубовите и рестораните за свадби. 

„Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход. Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15 200 денари по вработен според бројот на ефективни работни часови со пресек на 31. 12 2020г“, рече Бектеши.

„И фитнес центрите секако се во план. Се надеваме дека на наредната седница на Владата ќе се објави повик за аплицирање и за нив. И не се само фитнес центрите туку и  фото студијата“, истакна Мухамед Зеќири, генерален секретар на Влада. 

Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра. Се проценува дека ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани.

0 Коментари

Остави коментари