Шести ден од воениот конфликт меѓу Израел и Хамас - се бројат жртви, сад во мисија за прекин на насилството
И во петтата ноќ од воениот конфликт Израел - Хамас црн биланс на жртви. Израелските борбени авиони и на шестиот ден - рано утрово повторно ја нападнаа Газа, а Хамас возврати со ракети кон Израел. Во меѓувреме САД ја почнаа мисијата за посредништво меѓу завојуваните страни со цел да запре насилството.
Урнати згради и цивилни жртви - вакви снимки повторно го потресоа светот. Петмесечно дете било спасено од урнатините на зграда која била погодена од израелски проектил во бегалскиот камп во Газа, но 10 членови на неговото семејство настрадале во бомбардирањето.
Израелското министерство за надворешни работи на твитер објави дека во областа на појасот Газа во изминатите неколку дена паднале 350 ракети на Хамас, при што загинале палестински цивили, вклучително и деца.
“Хамас убива и израелци и палестинци. Хамас мора да биде запрен“
Објави израелското министерство преку твит. Арапскиот новинар на Би-Би-Си Аднан Елбурш и неговиот тим додека известуваат за состојбата - во еден момент се слуша како водителот му вели на новинарот да го напушти местото бидејќи се доведени во опасност.
„Аднане, дали си добро? Те молам, прекини го емитувањето ако си во опасност. Гледам дека гаѓаат објекти веднаш наспроти тебе“, вели водителот на емисијата. Неколку секунди подоцна проектил ја погодува зградата, која целосно се урива.
И Обединетите Арапски Емирати повикаа на прекин на огнот и разговори, изразувајќи им сочувство на сите жртви. Египет испрати 10 амбулантни возила во Газа денеска за да пренесат ранети од израелските бомбардирања за лекување во египетски болници, соопштија медицински и безбедносни извори.
И покрај интензивираните дипломатски напори, и најавата дека американскиот секретар за израелско-палестински прашања Хади Амр Систати со израелски и палестински службеници, судирите продолжуваат со голема жестина.