Шести април нов датум за реизбор на Филипче за претседател на СДСМ

На шести април СДСМ ќе ги оддржи внатрепартиските избори на СДСМ за лидер на партија, на кои единствен кандидат е актуелниот лидер Венко Филипче.

ЦО на партијата го потврфила новиот датум откако СДСМ го одложи реизборот на Филипче, поради трагедијата во Кочани, а кои требаше да се одржат токму на 16 март.

Инаку мандатот на првиот социјалдемократ е веќе истелен, бидејќи тој бепе до 21 март. Според статутот на СДСМ Филипче и Димитар Ковачевски го продолжија мандатот на Зоран Заев по неговата оставка. Откако 

 Ковачевски се повлече по дебаклот на СДСМ на двојните избори на 8 мај лани, Филипче беше избран но со мандат само од 9 месеци.

Последните избори во СДСМ ги следеа низа контроверзии, а за злоупотреби обвинија сите противкандидати на Филипче, Славјанка Петровска, Александар Бајдевски и Јован Деспотовски.