Шеста, рекордна Златна топка за Меси
Foto

Шеста, рекордна Златна топка за Меси

Лионел Меси е првиот играч во историјата кој шест пати го добивал признанието „Златна топка“. Вечерва Аргентинецот ја доби престижната награда на Франс Фудбал што значи дека важи за најдобар фудбалер во 2019 година. До ова признание на стигна пред Вирџил ван Дајк, Садио Мане и Кристијано Роналдо.

„Сакам да им се заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене и на моите колеги. Пред десет години ја добив првата „Златна топка“, дојдов со моите тројца браќа, имав 22 години и сето тоа беше незамисливо. 10 години подоцна ја добивм шестата „Златна топка“, времето сега е друго, тука сум со сопругата и три деца. Никогаш не престанав да сонувам, и понатаму да сакам да растам, да се подобрувам секој ден и да уживам во фудбалот. Му благодарам на Бог што можам да го правам она што го сакам и се надевам дека ќе имам уште многу години за уживање. Свесен сум колку години имам и морам да уживам во овие моменти бидејќи се ближи денот кога ќе се повлечам“, рече Меси од бината на доделувањето во Париз.

Фудбалерот на Барселона сега е осамен на врвот и прв играч во историјата кој може да се пофали дека шест пати ја подигнал оваа награда, а неговиот најголем конкурент, Кристијано Роналдо остана на пет.

0 Коментари

Остави коментари