Шест репрезентации досега изборија учество на ЕП 2020
Foto

Шест репрезентации досега изборија учество на ЕП 2020

По завршувањето на октомвриските квалификациски натпревари за Европското фудбалско првенство 2020, вкупно шест репрезентации обезбедија пласман на завршниот турнир.

Од Б-групата Украина го обезбеди првото место, иако и преостанува уште една средба во ноември.

Од групата-Ф Шпанија избори учество на ЕП, иако до крајот на квалификациите и остануваат уште два натпревара.

Во групата во која настапува македонската репрезентација, на две кола пред крајот, Полска го обезбеди настапот на евро-шампионатот.

Белгија и Русија се двата патника на ЕУРО 2020 од квалификациската група И.

Шестиот патник кој си обезбеди место на ЕП во октомври е Италија која заврши прва во Ј-групата, иако иам до крајот да одигра уште две кола.

Европското првенство ќе се одржи во 12 града низ континентот во периодот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

Жрепката е закажана за 30 ноември во Букурешт. 

0 Коментари

Остави коментари