Шест пратеници не пополниле анкетен лист - од Антикорупциска само за претседателката дипломатски пасош

Шест пратеници сè уште немаат поднесено ниту писмена ниту електронска изјава за имотната состојба иако 30 дневниот законски рок одамна е поминат, велат од Антикорупциска.

Секој пратеник во изјавата е должен да го наведе основот на стекнување на пријавениот имот и да приложи изјава заверена од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки што е законска обврска за сите избрани и именувани функционери.

За шесте пратеници што доцнат со поднесувањето на изјава до ДКСК, ова тело веќе почнало да работи на поведување прекршочна постапка. Во јавноста излезе информација дека оваа институција има побарано дипломатски пасоши за своите членови, но го има добиено само претседателката зошто?

Во гостувањето на ТВ 24, претседателката на антикорупциска Димитровска вети поголема транспарентност чие отсуство сега се правда со немање на пи ар служба.