Шест пациенти во кричина состојба, останатите стабилни - претстои битка со ризик од инфекции

Бројот на критични случаи се намалува но претстои битка со ризикот од инфекции - информираат здравствените власти. Од понеделник, се очекува постепено дел од пацинетите да се упатуваат на домашно лекување. Во странство се лекуваат 115 пациенти.

Дел од нив се во тешка, но стабилна состојба а кај дел има значително подбрување. Во тек се подготовките за враќање на пацинетите дома и дефинирање на протоколите  за транспорт и лекување тука.

Исто така диркеторот на ФЗО Клековски информираше дека на матичните лекери се дадени упаства за препишување на лекови и боледувања за членови на погодените семејства.