Шест лица обвинети за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ
Foto

Шест лица обвинети за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ

Специјалното Обвинителство на Косово денеска покрена обвинение до Основното Јавно
Обвинителство против шест лица, осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ.

 

Во едно соопштение на Специјалното Обвинителство, пишува дека осомничените се товарат за кривичните дела: „Помагање во реализирање на делото – Тешко убиство“, „Неовластено поседување, контрола или поседување оружје без дозвола“, „Откривање на службена тајна“, „Злоупотреба на службената должност во ко-извршување“ и „Манипилација со факти, во ко-извршување“.

„Специјалното Обвинителство информира дека осомничените Н.С., М.Р., и Р.Б., кои се наоѓаат во притвор, и М.Р., З.В., и Ж.Б., кои се во бегство, за кои надлежниот суд даде налог за нивно апсење, делувајќи како криминална група со структура и своја хиерархија, со формално определени улоги, група која не е формирана случајно, која делува од 2011 година наваму, група која е управуввана од З.В и М.Р, кои се во бегство, сите овие осомничени делуваат во континуитет и во соработка, со цел за да реализираат едно дело или повеќе“, се вели во соопштението.

Лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, беше убиен на 16 јанаури 2018 година во атентат пред седиштето на неговата партија во Косовска Митровица, кога врз него пукаа непознати лица од возило во движење.

0 Коментари

Остави коментари