Шест бугарски пратеници го следат судењето Ива Михаилова за сообраќајка со смртни последици

Шест бугарски пратеници го следат рочиштето во Основниот суд во Кочани, каде денеска продолжува судењето против Ива Михаилова од Кочани, која има двојно државјанство - македонско и бугарско...

Таа е обвинета за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени. 

Михаилова ја отфрла вината за несреќата. Случајот предизвика голем интерес на официјална Софија, откако на Михаилова ѝ беше одбиено барањето да ѝ бидат вратени лични документи одземени со мерките на претпазливост, за да може да се лекува надвор од Македонија.