Шеснаесет пожари на отворено беснеат во земјава

16 пожари на отворено беснеат во земјава. Од ЦУК велат дека  под контрола се пет и изгаснати се три. Најктирично сеуште е во Чучер сандево, Крива Паланка, Дојран и Гази Баба . Вчера се остварил рекорд за добиени повици на 112 од активирањето, системот регистрирал 4199 повици. 

За пожарот кај смилковско езеро градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски  социјалните платформи објави дека бил намерно подметнат и постира фотографии со како што вели доказен материјал.

Бобан Стефковски – Градоначалник на општина Гази Баба: Еве ги доказите: остатоци од изгорена гума и ракавици се пронајдени на смилковското езеро. Се е јасно пожарот е подметнат. Жално е ако некој мисли дека на овој начин ќе добие политички поени.

Во Крива Паланка и денеска е  критично.  Градоначалникот Сашко Митовски упати јавна благодарност до сите кои понудиле помош за справување со огнената стихија. 

Сашко Митовски – Градоначалник на општина Крива Паланка: Длабоко се поклонувам пред секоја пожртвувана рака, секое срце што чукаше за својот град.  Им благодарам на колегите од Струмица. Пробиштиб, Кавадарци, Ќустендил, како и на припадниците на АРМ и МВР, Црвен крст. Кога е најтешко – ние сме најсилни. Кога е опасно – ние не бегаме, туку застануваме заедно.

Во моментот се интервенира во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Чашка, Дојран, Крива Паланка. Ги контролираат во Ѓорче Петров, Гази Баба, Шуто Оризари, Кочани, Делчево – градска депонија. Изгаснати  пожари има кај делчевско брежје, Желино, Кумановско. Од АМСМ пак информираат дека од 12:00 часот ќе биде пренасочен сообраќајот за тешки моторни возила на магистралниот пат од Бензинска Пумпа Дизел до Граничен Премин – Блаце излез. 

Синоќа заседаваше владиниот кризен штаб кои го активираа механизмот на европска помош.