Шеснаесет годишно девојче почина од Ковид 19

16 годишна девојка почина од Ковид 19 на Клиниката за инфективни болести. Девојката од село Сиричино, тетовско од три дена се лекувала во болницата во Тетово, а девет дена претходно дома.

Во многу тешка состојба била донесена на Инфективна клиника, од каде велат дека станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Лекарите немаат податок за можно хронично заболување.

„Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана. - велат од министерство за здравство.

Ова е втор смртен случај кај млада девојка за многу кратко време. Пред шест дена на клиниката од Ковид 19 почина 17 годишна пациентка со дијабетес тип 1, а во септември 15 годишно девојче. Извештаите за починати бележат и други случи на млади луѓе.

Делта вирусот ги погоди младите. Во последната недела најголемо зголемување на бројот на заболени со Ковид 19 има токму кај младите меѓу 20 и 29 години. А, најмал процент на вакцинирани има кај популацијата од 18 до 39 години.

Вакцините остануваат единстевна заштита, а лекот со моноклонални антитела кој даде надеж, а го набави и нашата држава, повеќе не се произведува-компанијата го прекина производството.