Вкупно 69 компании од пристигнатите 188 апликации ќе добијат финансиска поддршка од фондот за иновации и технолошки развој преку јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој.
Средствата што ќе ги добијат ќе бидат наменети за набавка на опрема, дигитализација, софтвер за подобрување на организацијата и за реализација на проекти за енергетска ефикасност.
Државата ќе ја помогне реализацијата на инвестициите во компаниите со 4 милиони и 200 илјади евра, а компаниите ќе учествуваат со скоро 10 милиони евра
0 Коментари