Шехтански: Единствено обвинителството е надлежно повторно да ги отвори Хашките случаи

Во вечерашното гостување во емисијата ,,Аргумент"+ адвокатот Ванчо Шехтански како прв адвокат во Хаг за случај од Македонија, вели дека единствено надлежно за повторно процесуирање на т.н. Хашки предмети е Јавното Обвинителство.

Со наводи темелени на докази дека станува збор за злосторства против човештвото се два од четирите хашки предмети Водството на ОНА и гробницата во Непроштено во кој предмет бил адвокат и Шехтански. Останатите два, Мавровски работници и Липковска брана бидејќи немало човечки жртви не се утврдени како предмети во кои се извршени воени злосторства.

Шехтански тврди дека автентичното толкување од 2011 за амнестијата од 2002 година, со кое се трга кривичната одговорност на учесниците во овие злодела, не пречи Обвинителството повторно да ги процесуира. Уставниот суд, на кој се повикува да пресече околу автентичното толкување, според Шехтански се прогласил за ненадлежен на претставка поднесена токму од него.