Шекеринска во Вашингтон бара поддршка за евроинтеграциите
Foto

Шекеринска во Вашингтон бара поддршка за евроинтеграциите

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја започна првата посета на САД на еден претставник на македонската Влада по смената на американската администрација и доаѓањето на новиот американски претседател Бајден. Како што рече Шекеринска, посетата ќе ја искористи да ги пренесе  пораките за уште еднаш да се потврди стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

- Многу е важно што ќе имаме прилика на овие средби кај сите претставници и на Пентагон и на американскиот Стејт Департмент да ги испратиме за нас важните пораки. Првата таква порака е дека како држава покажавме дека и по нашето членство во НАТО ние сме сојузник на кој и НАТО и САД можат да сметаат – рече Шекеринска.

0 Коментари

Остави коментари