Шефот на италијанската дипломатија, Тајани во посета на Скопје

Вицепремиерот и Министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, денеска ќе оствари посета на Црна Гора и Северна Македонија, каде ќе се сретне со државниот врв на двете земји како потврда на континуираната посветеност на Италија за развој, стабилност и стремежот за европската интеграција на регионот на Западен Балкан.

Во Скопје министерот Тајани се сретнА со Претседателката на Републиката, Гордана Сиљановска-Давкова, со претседателот на Собранието Африм Гаши, со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со кого одржаа заедничка прес конференција.