Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Скопје

Не се чувствуваме добро со одлуката од октомври – ќе инсистираме во секоја наредна прилика на советот на еу да се донесе одлука за отворање датум за преговори со македонија.. Германскиот министер за надворшени работи Хајко Мас во Скопје на средба со колегата Никола Димитров.

Германија ќе продолжи да дава свој придонес за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред доаѓањето во Скопје. Тој нагласи дека „заедничка цел е што побрз почеток на пристапните преговори“, за што, како што вели, денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.