Шарл Леклер од пол позицијата ќе стартува на трката за ГН на Азербејџан
Foto

Шарл Леклер од пол позицијата ќе стартува на трката за ГН на Азербејџан

Возачот на Формула 1 тимот на Ферари, Шарл Леклер постигна најбрзо време во денешните квалификации за трката за Големата награда на Азербејџан во Баку.

За Леклер ова е втора едноподруго „пол-позиција“, откако ги освои и квалификациите во Монако пред две недели.

Светскиот првак Луис Хамилтон (Мерцедес) квалификациите во Баку ги заврши како второпласиран, додека од вториот ред ќе стартуваат Макс Ферстапен (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алфа Таури).

Трката за Големата награда на Азербејџан се вози утре со почеток од 14 часот.

0 Коментари

Остави коментари