„Шарена џамија“ архитектонска, културна и историска оставштина
Таа е една од најубавите градби што ја претставуваат културата од османлискиот период во Македонија.
Шарената џамија е единствена во светот поради надворешната декорација и орнаментите во ентериерот, исклучителен претставник на исламската верска архитектура. Поради своите архитектонски и уметнички вредности, објектот денес е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија од исклучително значење.
Особено внимание привлекува претставувањето на Мека, што е редок и веројатно единствен пример на ликовно претставување на ова светилиште на територијата на југоисточна Европа.