Шаповалов го совлада Надал во Рим

Денис Шапoвалов го елиминираше Рафаел Надал од осминафиналето на АТП турнирот во Рим, со вчерашната победа од 1-2.

„Кралот на земјената подлога“ го започна натпреварот со предност од 1-0 добивајќи го првиот сет со убедливи 6-1. Во вториот сет Шапoвалов славеше со 7-5, а во одлучувачкиот заокружи со 6-2.

Во следното коло Шаповалов ќе се сретне со Руд, кој вчера го совлада Бруксби.

 

Турнирот во Рим за Надал претставуваше последно загревање пред да се обиде да го додаде Отвореното првенство на Франција на рекордот од вкупно 13 титули.