Шанса за Центар мапира 100 јавни објекти кои горат мазут и нафта

 
Шанса за Центар мапира 100 јавни објекти кои горат мазут и нафта. За што се зборува воопшто кога јавни институции го загадуваат воздухот во Скопје со греење на мазут или нафта за домаќинствата, велат од Шанса за Центар е од каде нагласуваат дека избориле 100 институции кои го загадуваат воздухот, но дека сигурно ги има уште,. „Празните муабети, што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе“, велат од организацијата и нагласуваат дека само за една сезона станува збор за количина на изгорена нафта колку што има вода во олимписки базен !
 
„Ние од Шанса за Центар сме уверени дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи. Затоа, се насочивме да дополниме уште еден дел во мозаикот. За да им помогнеме на институциите да ги согледаат сите страни на проблемот изработивме мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите. Ги мапиравме јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително 'валкан' енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво - дизелот! Такви јавни објекти во Скопје кои ги согоруваат овие енергенси се најмалку 100 ! Барем ние толку успеавме да пронајдеме. Сигурно има уште... Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема. - велат од организацијата.