Шаќири: Следната недела ќе се разгледува барањето на матурантите за намалување на материјалот за државната матура
Дали ќе се скратат дел од предметите за државната матура? Ден по протестот на група средношколци кои ги испорачаа овие барања до МОН, министерот Шаќири најави дека следната недела со директорката на Државниот испитен центар ќе го разгледуваат ова прашање. Нјаголем проблем е што предметите кои треба да се полагаат се веќе закажани.
Од средношколскиот сојуз велат дека пандемијата и дојавите за бомби го намалија квалитетот на наставата, а голем број часови беа изгубени. Велат оваа состојба ќе влијае и надржавната матура.
Според програмата, државната матура ќе се полага на 27мај – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10јуни ќе се полага математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.
На матурантите им останува нешто помалку од три месеци за подготовка.