Шаќири: Идната учебна година ќе има учебници за сите!

И во второто полугодие дел од учениците без учебници. Првиот човек на Министерството за образование Јетон Шаќири уверува дека до крајот на учебната година ќе стигнат книгите. За второ одделение дистрибуирани вели се сите учебници, освен за предметите Математика и Општество кои деновиве се доставуваат во сите училишта.

За петто одделение проблем е со учебникот по Македонски јазик за кој на двата огласи од Националната комисија за учебници и Педагошката служба не бил пријавен ниту еден автор и е формирана група на автори.

Веќе од 1 септември шаќири вели ќе има учебници за сите ученици...За идната учебна година, согласно Концепцијата, нови наставни програми треба да има и за трето и шесто одделение...

СОНК излезе со реакција за новите пролонгирања на роковите.

За грешките во учебниците според ресорниот минситер ќе има казни, за авторите, рецезентите и борото за развој на образованието...Отворена е мејл адреса за пријавување на грешки во учебниците.

Досега се примени две забелешки за два учебника за кратенката ДУИ во учебникот по предметот Албански јазик за петто одделение. исправка е направена во електронската форма на учебникот,но не и во печатената. За учебникот по Историја и општество за петто одделение, пак, во кој беа увидени неточни податоци, забелешките кои стигнале до МОН се доставени до авторите, бил објавен повик за рецензенти на кој не се пријавил никој.