Шакири за тв 24: Позицијата градоначалник на градот е менаџерска позиција
Арбен Шакири - Бени од коалицијата „Движење одлучно за промени“ во емисијата 24 анализа истакна дека позиција градоначалник на градот е менаџерска позиција, не се работи за политичка функција. Она што треба да се направи за градот е да се засукаат ракавите и да се средат работите во градската управа, не да се затвора кабинетот како семејно наследство.
- Тоа е нешто што граѓаните го даваат и го одземаат и апелирам победнкот од оваа трка да достави резултати и да работи во интерес на граѓаните. Сите тие во градската управа се платени од наши пари. - вели Шакири.

