Шакири за тв 24: Градот ќе го светнам, го го исчистам, има да блеска

Арбен Шакири - Бени од коалицијата „Движење одлучно за промени“ во емисијата 24 анализа во врска со проектот „Скопје 2014“ истакна дека дислоцирањето е погрешно. Има граѓани кои израснале со тој проект.

- Ќе спроведам референдум да се изјаснат граѓаните дали се за или против дислоцирање на тие споменици. Градот ќе го светнам, го го исчистам, има да блеска. Ќе работам чесно и одговорно. Нема да се кријам во кабинетот и градските бараки ќе бидам отворени за сите.- рече Шакири.