Севернокорејскиот лидер го надгледуваше тестирањето на новото оружје
Foto

Севернокорејскиот лидер го надгледуваше тестирањето на новото оружје

Претседателот на Северна Кореја Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето на новото оружје за време на вчерашното лансирање на два проектили, соопшти Пјонгјанг.

Откако го прими извештајот за новиот систем на оружје, дизајниран да одговара на територијата на Северна Кореја, Ким издаде упатство итно да ги тестира и го прегледа новото оружје на лансирната рампа, објави севернокорејската Централна новинска агенција (КЦНА).

Деталната анализа на тестирањето докажала дека новиот систем на оружје е напреден и има моќен дизајн, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.

Северна Кореја вчера испука проектил, за кој Јужна Кореја рече дека најверојатно е балистичка ракета со кус дострел.

Лансирањето на ракетата беше со цел да се тестира капацитетот на новата ракета со краток дострел, развиена од самата Северна Кореја, како и да се протестира против заедничките вежби на Вашингтон и Сеул овој месец, се вели во соопштението на јужнокорејското претседателство.

0 Коментари

Остави коментари