Северна Македонија во очекување на преговарачката рамка со ЕУ
Foto

Северна Македонија во очекување на преговарачката рамка со ЕУ

Преговарачката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ, но се очекува нејзината нацрт-верзија мошне скоро, евентуално на 9 или 10 јуни да биде објавена, а првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија би можела да се одржи оваа есен, барем според прогнозите на  македонските и европските дипломати, надлежни за евроинтегративните процеси.

Документот нема многу да се разликува од рамката, која била изготвена за другите земји во регионот, освен што во неа ќе биде интегрирана новата методологија, која беше усвоена од Европскиот совет.

Нацрт-верзијата на преговарачката рамка, според вицепремиерот за европски прашања и политички преговарач со Унијата, Бујар Османи може да ја очекуваме на 9 или 10 јуни. Тој на почетокот на неделата изјави дека таа ќе биде проследена со кус извештај за напредокот во реформите.

Откако Европската комисија ќе ја објави нацрт-верзијата на преговарачката рамка, земјите членки ќе ги изнесат свои национални позиции и на крајот се обидуваат да дојдат до консензус.

0 Коментари

Остави коментари