Сервер: САД ќе вршат зголемен притисок врз Софија за Северна Македонија
Foto

Сервер: САД ќе вршат зголемен притисок врз Софија за Северна Македонија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да изврши зголемен притисок врз бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, а извршната наредба на Бајден е со цел да врши притисок за подобрување на владеењето на Западен Балкан.

Ова за миа го изјави даниел сервер, експерт за балканот од универзитетот „Џон Хопкинс“ во вашинтгон. Сервер смета дека претпристапните преговори меѓу Скопје и Брисел за членство на нашата земја во еу треба да се отворат во јуни.

„Се надевам дека тоа ќе се случи, но за жал земјите членки имаат право на вето за речиси се во ЕУ“, изјави Сервер. Тој очекува американската администрација да изврши притисок врз Бугарија за изнаоѓање брзо решение во однос на „апсурдните барања до Северна Македонија“ поврзани со јазикот и историјата, што, според него, е причина за фрустрација во многу европски центри и во Вашингтон.

0 Коментари

Остави коментари