Серхио Перез победник на Големата награда на Сахир во Бахреин
Foto

Серхио Перез победник на Големата награда на Сахир во Бахреин

Мексиканецот Серхио Перез, кој вози за тимот на Рејсин Поинт победи на денешната трка за големата награда на Сахир во Бахреин. За Перез ова е прва победа во кариерата, а исто така прва победа во историјата на тимот на Рејсинг Поинт.

Бурно стартуваше трката за Големата награда на Сахир во Бахреин. Уште на самиот старт, во четвртиот круг, дојде до инцидент во која Шарл Леклер и Макс Верстапен завршија во заштитната ограда. Трите болида беа во тесна борба за повисока позиција, но на една кривина Леклер удри во болидот на Перез, а Верстапен кој беше веднаш зад нив, сакајќи го да избегне нивниот судар, заврши во оградата. Во оградата на крајот заврши и Леклер, со што за него и Верстапен трката заврши.

Ботас го загуби второто место откако во Мерцедес ги измешаа гумите, па двајцата морааа во бокс што ги чинеше обајцата првото и второто место. Потоа трката повторно се вклучи безбедносното возило. Доминацијата ја превзеде Серхио Перез, а откако безбедносното возило се повлече од патеката, започна жестока трка за последните 20 круга.

Расел со жестоко возење успеа да кратко време од шестото и место да избие на второто место, мајсторски искористувајќи ги свиоците и тргна во напад на Перез. истото се случија и со Ботас и Саинц, која Саинц мајсторски од страна го престигна Ботас. Веднаш потоа и Албон го престигна Ботас.

На девет круга до крајот Расел повторно влезе во боксот кога му пукна левата задна гума и ја изгуби предноста. Серхио Перез можеше да здивне, а Формула веднаш објави дека инцидентот со погрешните гуми веднаш ќе се истражува штом заврши трката. Дури и Ботас реагираше дека гумите се ужасни. Неверојатно, како искусниот тим на Мерцедес можеше да си дозволи вакви грешки со пневматиците што ги чинеа многу и Расел и Ботас. Откако двапати ги повикаа во боксот, им ги помешаа гумите што се покажа како најголем малер за двајцата возачи.

Серхио Перез направи пресврт во Брахреин со освојвањето на првото место. Мексиканецот не можеше да ја сокрие возвудата. Второто место му припадна на Естебан Окон од тимот на Рено, а трет беше Ленс Строл, клупскиот колега на Перез.

Од третото место надолу се најдоа  Карлос Сианц, Даниел Рикардо, Алекс Албон, Дани Квјат, Валтери Ботас, Џорџ Расел и Ландо Норис.

Следната трка завршна во сезонава е во Абу Даби следниот видекнд, со директен пренос на тв 24 на квалификациите и последната трка.

Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари