Серија земјотреси во Битола, во 09.09 часот се стресе и Скопје
Foto

Серија земјотреси во Битола, во 09.09 часот се стресе и Скопје

Серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје Битола - Лерин утринава повторно се почувствувани во Битола и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилно е почувствуван земјотресот во 04:01 часот кој бил со Рихтерова магнитуда од 3,7 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарите на земјотресите се наоѓаат на 120 километри јужно од Скопје, во соседна Грција. 

Земјотрес со интензитет од 2,5 степени по Рихтер утринава во 09.09 беше почувствуван и во главниот град. Епицентарот бил на 12 километри од Скопје.

0 Коментари

Остави коментари