Сергеј Шојгу: Расте опасноста од судир меѓу нуклеарните сили
Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, предупреди дека „се зголемува опасноста од вооружен судир меѓу големи држави, вклучително и нуклеарни сили“. Изјавата ја даде во интервју за руската државна агенција ТАСС.
Таквиот ризик, според поранешниот министер за одбрана на Русија, произлегува „во услови на зголемена конфликтност и интензивирање на геополитичкото ривалство меѓу големите сили на меѓународната сцена“.
- Сведоци сме на активно јакнење на капацитетите на НАТО на неговото источна крило. Се зголемува фреквенцијата на воените вежби во близина на териториите на Русија и Белорусија, при што се вежбаат не само одбранбени, туку и офанзивни активности, додаде Шојгу во интервјуто што беше објавено денеска