Серена по пласманот во полуфиналето на АО: Го одиграв мојот најдобар меч на турнирот
Foto

Серена по пласманот во полуфиналето на АО: Го одиграв мојот најдобар меч на турнирот

Американката Серена Вилијамс, во блиц интервју, ја коментираше денешната победа над Романката Симона Халеп во четвртфиналниот натпревар на Австралија опен (6:3, 6:3).

- Тоа беше мојот најдобар меч на турнирот. Речиси сè кај мене функционираше. Дури и кога Халеп имаше свои моменти, бев смирена. Натпреварот со Осака е пред мене, веќе мислам на полуфиналето, изјави 39-годишната тенисерка.

Во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн, Вилмс ќе се соочи со Јапонката Наоми Осака, која ноќаска ја совлада претставничката на Тајланд, Си Сувеи со 6:2 и 6:2.

0 Коментари

Остави коментари