Серафимовска: Владата нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година
Денес, 1 септември наместо со традиционалниот почеток на учебната година македонија се соочува со хаотична и неизвесна состојба во образованието.
Освен одложениот почеток од 1 октомври, ситуацијата бележи и средношколци на улиците, наместо во училишните клупи од една страна, и неинформирани родители и ученици од друга страна, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нНив власта нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година.